Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи изјави дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да презема понатамошни воени активности.
– Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности – вели тој.
Раванчи во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, вели дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.
– Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и не бара ескалација или војна – додава Раванчи.