Иран се закани дека ќе ги бомбардира Израел и Дубаи, доколку Соединетите држави се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски трупи во Ирак.
– Ги предупредуваме сите сојузници на САД кои им дадоа бази за стационирање на нивната терористичка војска, дека секоја територија која ќе послужи како почетна точка за агресија против Иран ќе биде гранатирана – соопшти Иранската национална гарда.
Иранската гарда исто така се закани дека ќе го бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи во Емиратите, објави „Дејли меил“.