Исламската Република Иран ќе одговори во „соодветно време и место“ на наводниот израелски ракетен напад, во кој беа убиени неколку Иранци во Сирија, изјави висок ирански официјален претставник.
Изјавата е прв директен одговор на нападот врз две бази на север во Сирија за кои се верува дека го извршил Израел.
Ирански медиуми јавија дека се убиени повеќе од 20 провладини борци, меѓу нив и Иранци.
– Агресијата на ционистичкиот ентитет против присуството на наши војници и советници во Сирија ни дава за право да одговориме на соодветно место и време – изјави Аладин Боруџерди, претседавач со иранскиот парламентарен одбор за национална безбедност.