Командантот на Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските бази и носачи на авиони се во досегот на иранските проектили, само еден ден откако јеменските бунтовници Хути, поддржани од Техеран, со дронови ја нападнаа најголемата нафтена постројка во Саудиска Арабија, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
– Секој треба да знае дека сите американски бази и нивните носачи на авиони се наоѓаат на 2.000 километри од Иран, во рамки на досегот на нашите ракети – рече генералот Амир Али Хаџизадех.
Новинската агенција „Тасним“, исто така, ја цитира неговата изјавата дека Иран е секогаш подготвен за војна.
Претходно, САД го обвинија Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки бидејќи земјата ги поддржува бунтовниците Хути кои ја презедоа одговорноста за нападите со беспилотни летала.