Хуманитарната организација „Спасете ги децата“, која се бори за заштита на детските права во светот изјави дека повеќе од 85 илјади деца на возраст под 5 години умреле од глад и болести откако е започната цивилната војна во Јемен во 2015 година.
– Децата кои умираат на овој начин страдаат неизмерно – соопшти Тамер Киролос, јеменскиот директор на хуманитарната организација „Спасете ги децата“.
Последиците од конфликтот се верува дека се одразиле на повеќе од еден милион деца.