Илјадници туристи и жители на Австралија се упатиле кон плажите за да избегаат од пожарите што зафатија неколку градови во близина на брегот во екот на летната сезона.
Владини претставници ги повикаа австралиската војска и противпожарните екипи на САД и Канада да им помогнат во борбата против пожарот откако две лица загинаа.
Со тоа, вкупниот број загинати во пожарите се искачи на 11, објави денеска Ројтерс.
Големите пожари уништија четири милиони хектари земјиште. Екстремно високите температури предизвикаа повеќе од 200 пожари долж југоисточниот брег во сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија.
Околу 4.000 луѓе во малиот град Малакот, Викторија, се упатиле кон плажите, откако главниот пат бил отсечен од пожари.
„Немавме друга опција“, рекол Џејсон Селмес, жител на Малакота, за време на евакуацијата.
Поради густиот чад, како што одминувал денот, небото полека станувало портокалово.
Кога се огласила градската сирена за тревога, некои жители нашле спас во морето.