Израелските воени авиони денеска пресретнале руски борбени авиони над Либан.
Два авиона Ф-16 пресретнале Сухои СУ- 34 над Триполи и се оддалечиле.
Според извештаите, кои ги цитира весникот „Хадашот“, руските авиони можеби учествувале во вежби над крајбрежјето на Либан и Сирија, но, биле принудени да слетаат поради лошите временски прилики.
Тоа е првпат по повеќе месеци руски авиони да влезат во либанскиот воздушен простор од Сирија. Причината на мисијата на авионите е непозната.
Израелски авиони често летаат над либанскиот воздушен простор во извидничка мисија.
Многу израелски напади на цели во Сирија се изведуваат од либанскиот воздушен простор.