Израелската војска го активирала анти-ракетниот систем во пресрет на првата вечер од евровизискиот фестивал, кој ќе започне вечерва во Тел Авив, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Израелските безбедносни сили го подтотвиле системот наречен „Ајрон доум“ ширум целата земја. Токму овој систем беше искористен со максимален капацитет, кога на 4 мај, Хамас од Газа истрела 690 ракети кон Израел. Во овие напади загинаа четири лица. Два дена подоцна, двете страни договорија прекин на огнот.
Израелските сили по овие настани информираа дека анти-ракетниот систем бил 86 отсто ефективен за време на нападите од Хамас, со што, како што пренесуваат медиумите, сакале да ја уверат јавноста дека тактиката на противникот немала висока ефективност.
„Евровизија“ започнува вечерва во Тел Алвив во 21 часот со првата полуфинална вечер, второто полуфинале е в четврток, а финалето е закажано за во сабота, 18 мај.