Американските медиуми го пронајдоа Твитер-профилот на Конор Бетс (24), човекот кој уби деветмина и рани 26 луѓе, вклучувајќи ја и неговата сестра во нападот во Дејтон, Охајо. Профилот на Бетс покажува дека тој реобјавувал екстремно-десничарски и антиполициски објави, како и твитови за поддршка на антифашистички движења.
На денот на нападот, Бетс на ретвитнал и се согласил со пораката на друг корисник дека младите Американци очекуваат брза смрт за претседателскиот кандидат Џо Бајден, а потоа објавувал и пораки за поддршка на сенаторот Берни Сандерс и Елизабет Ворен.
Младиот Американец се идентификувал како голем обожавател на јапонски анимирани филмови (аниме), метал-музика и како левичар по идеологија, а има објавувано пораки и поврзиани со поддршка за сатаната.
Полицијата сè уште се обидува да го открие мотивот на Бетс за нападот во делот од Дејтон кој е популарен и богат со ноќен живот. Тој беше убиен од полициска патрола скоро 30 секунди откако започнал да пука во групата на луѓе.
Во неколкуте часа пред нападот, Бетс на неговиот Твитер-профил, убиецот лајкнал повеќе твитови за нападот во Ел Пасо, Тексас, каде загинаа 22 лица, вклучувајќи и еден твит за поддршка за зголемување на контролата на оружје и други кои го нарекувале осомничениот за нападот во Ел Пасо „терорист“ и „поборник за надмоќност на белата раса“.
Профилот исто така реобјавил и пораки против Службата за имиграција и царина (ИЦЕ), вклучувајќи и еден твит кој ги опишува агентите кои депортираат нелегални мигранти како „чудовишта“.
Според објавата на Си-ен-ен, Конор Бетс додека бил во средно училиште имал листа на момчиња кои сакал да ги убие и листа на девојчиња кои сакал да ги силува. Информациите од понаранешните соученици на напаѓачот велат дека тој не бил истакнат ученик и не создавал многу проблеми, а дури некои го опишуваат и како „многу добро дете“ кое било повлечено и тивко.