Рускиот опозициски активист и основач на „Фондот за борба против корупцијата” Алексеј Навални излезе од затвор.
Навални, кој беше осуден на 30 дена затвор за организирање на нелегални протести во главниот град на Москва, отслужи едномесечна затворска казна и беше ослободен.
Судот во Тверската област минатиот месец го осуди Навални на 30 дена затвор за неговата улога во организирањето протести против рускиот претседател Владимир Путин на 5-ти мај.
Откако Путин победи на изборите во март оваа година, Навални повика на протести во мај кога беше организирана церемонија по повод официјалното преземање на функцијата на Путин.
Тогаш голем број Руси излегоа на улиците, извикувајќи слогани против рускиот претседател. Потоа, Навални беше уапсен, потоа пуштен на слобода, а подоцна се соочи со судење.