Најмалку 52 лица загинаа, а други 22 се повредени во пожар што избувна на одделот за пациенти во болницата Ал Хусеин во Насирија, Ирак.
Премиерот Мустафа ал-Казими итно се состана со министрите и службениците за безбедност и им нареди да ги испитаат причините и последиците од пожарот, објави неговиот кабинет на Твитер.
Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата ДиКар биле сослушани од полицијата.
Прогласена е вонредна состојба во провинцијата Ди Кар.
Според медицински извор, пожарот бил предизвикан од експлозија на боца со кислород.
A massive fire breaks out at a coronavirus hospital, killing at least 20 people in Nassiriya, Iraq pic.twitter.com/WIEYIGhbWo
— TRT World (@trtworld) July 12, 2021
Во април, повеќе од 80 лица загинаа во слична трагедија во болница за ковид пациенти во Багдад, кога пожар беше предизвикан од експлозија на боца кислород.
– Жртвите починаа од изгореници а потрагата продолжува – изјави Хаидар ал-Замили наведувајќи дека во тој оддел на болницата има 70 кревети.
Медицински извор рече дека успеале да евакуираат 20 пациенти од зградата што гори.