Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтер го погоди рано утрово подрачјето на централна Италија, а првичните информации говорат за помали материјални штети и без сериозно повредени луѓе.
Епицентарот бил во градот Мучиа во покраината Марче и се случил во 5:11 часот.
Градоначалникот на Мучиа, град што беше тешко погоден од земјотресот во 2016 година, рече дека денешниот потрес предизвикал некои штети и додаде дека училиштата денеска нема да работат.
Железничкиот сообраќај е прекинат во некои делови за да се провери дали има настанато некакви штети на шините.
Земјотресот во 2016 година со магнитуда од 6,2 степени усмрти речиси 300 жители и разурна неколку села.