Најмалку три лица загинаа, а над 20 се повредени во земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтер што ја погоди индонезиската провинција Централна Јава.
Според првичните информации, урнати се најмалку 300 објекти, меѓу кои куќи, училишта и џамии.
– Над 2.000 луѓе бea принудени да се евакуираат во посебни центри – изјави Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на Управата за справување со природни катастрофи.
Околу 200 војници и спасувачки тимови работат во погодениот ргеион.
– Чиста вода и храна веднаш се потребни – истакна Сутопо.
Земјотресот бил регистриран вчера во околината на градот Банџарнегара. во најгусто населениот остров Јава.