Ситуацијата во Авганистан јасно покажа дека ниту НАТО, ниту САД не се способни ефикасно да ги планираат и координираат своите акции, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Покрај тоа, САД се покажаа како целосно неспособни како водечка сила. Снимките од самоуништувањето на ‘непобедливата машинa’ што го обиколиja светот, поубедливо од сите воени пресметки ја покажуваат апсолутната неспособност на НАТО како воено-политички блок, кој тврди дека има водечка улога во обезбедувањето на светскиот поредок“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Како што вели таа, се чини дека сега е најдобро време НАТО да поработи на своите грешки.
„Но, како што велат, тие не се такви. Што прави блокот фатен во сопствената беспомошност? Брза да побара информативни причини со цел да го сврти вниманието од серијата неуспеси да одговори на предизвиците на времето… Тоа го прави со вежби“, истакна Захарова, наведувајќи листа на воени маневри што НАТО планира да ги одржи до крајот на годината.
„Забележете колку често одржуваат вежби во балтичките и источноевропските земји. Судејќи според катастрофата на НАТО во Авганистан, на Алијансата не и требаат вежби во полињата и шумите, туку во планините и степите. Но, очигледно, тие навистина уживаат во виртуелна конфронтација со Русија“, нагласи портпаролката.
Таа изјави дека апетитите на НАТО растат, како и дека генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во јуни најавил зголемување на военото присуство на НАТО на Арктикот.