Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави синоќа дека само рускиот „братски однос“ кон Украина спречил многу пожестока пресметка со украинските бродови во Керчискиот проток.
Според нејзините зборови, „братскиот однос“ кон Украина спречил „многу посериозни мерки кон бродовите кои повредиле руска граница“.
– Да не беше така од тие чамци немаше да остане ништо – нагласи Захарова.
– Ние само баравме посебни сигнали за идентификација, прашавме кои се и упорно повикувавме да престанат да ги ризикуваат животите и цел ден се обидувавме да ги спречиме…ниедна држава, само ние…само братски настроени луѓе се обидуваат неколку часа да ги повикаат на разум – изјави Захарова за руската ТВ-1.