Десет вработени во весникот „Заман“, кој е затворен од турските власти, денеска се осудени на затворска казна во траење до девет години, под обвинение дека „помагале на вооружена терористичка организација без да членуваат во неа“.
Најголеми казни, на девет години затвор се осудени новинарите Хакан Ташделен, Ахмет Секизкардеш и Фарук Акан.
Весникот „Заман“ и „Тудејс заман“, што излегува на англиски јазик беа затворени од турските власти под обвинение дека се поврзани со муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а според турските власти е организатор на неуспешниот воен удар во јули 2016 година.
За тероризам на 25 април беа осудени 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“, додека тројца бае ослободени.