Полицијата во Колумбија заплени 4,9 тони кокаин во вредност од околу 265 милиони долари во едно од најважните колумбиски пристаништа на Пацификот, Буенавентура, соопштија официјалните лица.
Дрогата била во два контејнери, а како што рече генералниот директор на полициската единица за борба против трговија со дрога, Хорхе Луис Рамирез, досега никој не е уапсен.
Не е објавено кој е сопственик на запленетата дрога, пренесува „Ројтерс“.
Како што се наведува, тоа е најголемото количество запленета дрога во оваа година.