Во директен судир на два воза утрово во близина на главната железничка станица во Брно, во јужниот дел на Чешка, повредено е 21 лице, соопшти Противпожарната служба за спасување.
Брзата помош пренела в болница 13 патници, а 250 лица од двата воза биле евакуирани.
– Спасувачките екипи згрижија 21 пациент, а 13 од нив мораа да бидат хоспитализирани. За среќа, станува збор за мали и средно тешки повреди – изјави портпаролката на пожарникарите Миахела Ботова.
Два локални патнички воза, при мала брзина, се судрија директно, околу 15 метри од перонот на главната железничка станица.
– Машиновозачот го промашил сигналот и тргнал на колосек на кој воопшто не требал да биде. Засега не ја знаеме причината – изјави портпаролот на Железничката инспекција Мартин Драпал.