Европската унија(ЕУ) денеска донесе одлука да воведе санкции против шест нови компании и здруженија, кои се вклучени во изградбата на мостот преку теснецот Керч, со кој полуостровот Крим се поврзува со Новоросиск.
Компаниите се казнети затоа што со изградбата на мостот и помагаат на Русија да ја зацврсти контролата врз Крим.
ЕУ не ја признава руската анексија на Крим и го смета полуостровот за дел од Украина. Поради тоа, шесте компании нема да можат да добиваат какви било финансиски средства од ЕУ.
Станува збор компаниите „Гипростроимост“, „Мостотрест“, ВАД, „Строигазмонтаж“, „Строигазмонтаж-Мост“ и „Залив“.
Две од компаниите се во сопственост на бизнисменот Аркадиј Ротенберг, кого ЕУ го обвинува за „дестабилизирање на Украина“.
Руското Министерство за надворешни работи возврати дека ЕУ се обидува да воспостави блокада на доставувањето на енергенси на Крим и да им наштети на жителите на полуостровот.