Европската Унија очекува од Велика Британија да ги намири сите финансиски обврски и во случај на брегзит без договор, изјави портпаролката на Европската Унија, Мина Андреева.
Таа вели дека мора да се исполнат сите обврски што ги презеле земјите членки. Тоа особено се однесува на сценариото брегзит без договор, при што од Британија се очекува дека ќе продолжи да ги почитува сите обврски преземени за време на членството во ЕУ.
Изјавата следува по најавите на британскиот премиер Борис Џонсон дека во случај на брегзит без договор, Велика Британија веќе нема да ја има обврската за плаќање 39 милијарди фунти кон Брисел, како што договори неговата претходничка Тереза Меј.