Вулканот Мерапи на индонезискиот остров Јава еруптираше утрово. Над градот Столо се надвија чад и пепел висок, поради што е затворен аеродромот на овој густо населен остров, пренесува „Ројтерс“.
Мерапи е меѓу најактивните вулкани во Индонезија, а во серијата ерупции во 2010 година животот го загубија 350 луѓе.
Локалниот центар за геолошки катастрофи, технолошки истражувања и развој соопшти дека ерупцијата траела речиси осум минути и можно е да се повтори поради континуираното движење на магмата.
Планината Мерапи на Јава е популарна туристичка дестинација.