Вулканот на островот Сатсумајо, во југоисточна Јапонија, денеска еруптира, соопшти јапонската агенција за метеорологија.
Засега нема извештаи за оштетување на ретко населениот остров во префектурата Кагошима.
Локалните канцеларии на агенцијата советувале секој што планира да се движи во областа да го одложи патувањето, пренесе Ројтерс.
Агенцијата издаде предупредување на ниво 2 од 5 по ерупцијата што се случи во 17:35 часот по локално време.