Ерменците што живеат во градот Карвачар во Нагорно-Карабах почнаа да ги палат своите куќи по објавувањето дека некои територии во таа област му се предаваат на Азербејџан.
Жителите на Карвачар изнесуваат покуќнина, мебел и животни од своите куќи пред да го напуштат градот. На северниот пат на Нагорно-Карабах има многу автомобили, како и минибуси и камиони.
Водителката Олга Скабејева објави видео на својот канал на „Телеграм“, на кое се гледа куќа што гори. Таа напиша дека луѓето го палат својот имот за да му не го предадат на Азербејџан.
Лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никола Пашинјан, на 10 ноември потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на воените дејства во Нагорно-Карабах, потсетува порталот.
Според изјавата, дел од регионот е ставен под контрола на Азербејџан, двете страни ќе разменуваат заробеници, а руските мировници ќе бидат распоредени по должината на контактната линија и по должината на коридорот Лачин, што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.
Исто така, се планира да се отвори коридор помеѓу Азербејџан и Автономната Република Нахичеван во Ерменија.