Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган му се јавил на својот колега од Венецуела, Николас Мадуро, и му понудил своја поддршка откако венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за шеф на државата.
„Нашиот претседател имаше телефонски разговор и му изрази поддршка од Турција на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и нагласи: Брате Мадуро! Држи се, ние сме со тебе!“, напиша Ибрахим Калан на Твитер.
Хуан Гуаидо, шеф на Парламентот на Венецуела вчера се самопрогласи за претседател на државата и доби поддршка од Вашингтон и голем број јужноамерикански држави. Тоа го натера социјалистот Мадуро да прекине дипломатски односи со САД.