Индија е земјата чии граѓани немаат големи проблеми да ги споделат своите лични податоци на Интернет за да добијат посоодветни услуги и производи од компаниите, покажува едно истражување на Ипсос, спроведено меѓу 20 држави.
Според резултатите, дури 69 отсто од Индијците на возраст меѓу 16 и 74 години изјавиле оти е во ред што компаниите им бараат да ги споделат нивните лични податоци, а за возврат да добијат подобри услуги и производи.
За споредба, само 41 отсто од Германците и 33 отсто од Јапонците се задоволни од истата ситуација. Од Ипсос велат дека вознемиреноста за злоупотребата на податоците споделени на интернет се зголемила за осум отсто на глобално ниво, во однос на 2013 година. Но подготвеноста да се споделат податоци преку интернет исто така се зголемила во истиот период (за седум отсто), бидејќи сѐ повеќе луѓе гледаат и предности во персонализираните мрежни услуги.
Во извештајот се истакнува дека загриженоста дека личните податоци би можеле да завршат во погрешни раце не е најголема сега туку во 1990-тите, пред развојот на интернет-услугите. Во тој период дури две третина од луѓето на глобално ниво биле загрижени од ваквите проблеми.