Елисејската палата одби да ја коментира ироничната порака на американскиот претседател Доналд Трамп испратена до претседателот на Франција, Емануел Макрон за да го пролонгира зголемувањето на цената на горивата по протестите.
Трамп изјави дека одлуката Макрон да го пролонгира зголемувањето на цената на горивата по протестите, ја оправдува неговата мерка да се повлече од Договорот за климатските промени од Париз.
– Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и демонстрантите во Париз се согласија со мојот заклучок од пред две години – напиша Трамп на Твитер.
Трамп оцени дека Макрон дошол до ист заклучок како и американскиот претседател односно дека Договорот од Париз од 2015 година е „фатално фаличен бидејќи ја зголемува цената на горивата во одговорните држави, додека ги штити некои од најголемите загадувачи на светот“.