Најмалку 11 луѓе се повредени денеска во експлозија на силос за жито во Стразбур, од кои три се во тешка состојба, соопшти полицијата.
Според првичните информации, не станува збор за подметната експлозија.
Локалната полиција додава дека во моментот на несреќата на тоа место се наоѓале 11 луѓе.
Околу 70 пожарникари дошле на местотот на експлозијата, југоисточно од градот, која предизвика висок облак од чад и пожар.
Полицијата го обезбедува секторот, а возилата на итната помош се упатија кон овој земјоделски погон.