Во силна експлозија, која го потресе предградието Антверпен во Белгија, уништени се повеќе куќи, а едно лице е извлечено од под урнатините.
Противпожарната служба соопшти дека е можно да има уште луѓе што останале затрупани под урнатините од куќите во јужното предградие на градот, пренесе „Ројстерс“.
Засега не е познато која е причината за несреќата.