Силна експлозија се случи денеска на еден траект на Балтичкото Море, по што избувнал пожар. Како што јавува РТ, на траектот се наоѓаат околу 335 патници и членови на екипажот, кои сега се заробени на море.
Траектот Регина Сивејс се движел од германскиот град Кил до Клаипеда во Литванија кога се случила експлозијата во просторијата каде што се наоѓа моторот. Бродот се наоѓа на 135 километри од Калининград, руска енклава на Балтичкото Море.
Акцијата за спасување веќе е започната и во неа учествуваат руски и литвански спасувачи кои со бродови и хеликоптери се упатиле кон траектот, наведува РТ.