Престојот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во амбасадата на Еквадор во Лондон чинел 800.000 долари, а не шест милиони, како што претходно соопшти Министерството за надворешни работи на Еквадор, покажаа податоците од Државната контролна комисија на Еквадор.
Во извештајот на комисијата се наведува дека пари најмногу се потрошени на медицински услуги, храна, обезбедување и безбедност на комуникациите на Асанж, јави „Тасс“.
За седум години, колку што Асанж мина во амбасадата на Еквадор, потрошени биле 795.372 долари и 71 цент, соопшти Комисијата.
Министерот за надворешни работи на Еквадор, Хосе Валенсија, на 11 април изјави дека престојот во Асанж во амбасадата на Еквадор чинел дури шест милиони долари.
Како што наведе тој тогаш, 5,817 милиони долари биле потрошени за обезбедување на Асанж, додека 400.000 долари отишле за медицински услуги и 300.000 за правни советници.
Како што пренесе „Тасс“, еквадорските официјални лица сѐ уште не ја образложиле големата разлика во бројките презентирани од министерот Валенсија и Државната комисија.