Турција продолжи да се оддалечува од Европската Унија, беше порачано денеска за време на претставувањето на овогодишниот извештај на Европската Комисија за земјите во процесот на приклучување, со оценка дека во Турција дошло до влошување на условите во судовите, затворите и економијата.
– И понатаму сметана за близок сојузник на полето на безбедноста, турската кандидатура за приклучување кон Унијата е замрзната поради понатамошни сериозни назадувања на полето на човековите права, независноста на судовите и економската состојба – наведе ЕК во извештајот.
Ова се области кои Европската Унија ги смета за централни, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
– Во турската економија продолжи сериозно назадување, што води кон длабока загриженост во врска со функционирањето на пазарната економија во земјата – се наведува во извештајот.
Заменик турскиот министер за надворешни работи, Фарук Кајмакчи оцени дека извештајот на ЕК неточно ја проценил моменталната ситуација во земјата и затоа укажаните критики внимателно ќе ги земат в предвид.