Европската Комисија се подготвува утре да најави уште една казна од повеќе милијарди евра за Гугл за случајот Андроид. Се очекува казната да биде рекордно висока, според повеќе европски извори.
Европските власти утре би требало да ги најават санкциите против дигиталниот гигант поради злоупотреба на неговата доминантна положба на пазарот преку системот Андроид. Во 2017, Европската Комисија веќе еднаш му изрече казна од над две милијарди евра на Гугл, исто така поради злоупотреба на доминантна положба, преку системот Гугл Шопинг, кој овомозможува споредба на цени. Гугл ја фаворизирал сопствената алатка, на штета на конкурентите.
Конкретно, Европската Комисија му забележува на Гугл дека ги приморувал производителите на смартфони да ја преинсталираат алатката “Google Search“ и да ја подесат како ексклузивна алатка за пребарување на нивните апарати. ЕК оценила и дека Гугл им забранил на производителите да продаваат смартфони со конкурентни системи на експлоатација, и за крај дека им давал финансиски поттик на оние прозиводители и оператори кои ќе ја инсталираат нивната алатка ексклузивно на смартфоните. Андроид го користат над 80 отсто од апаратите во Европа.
ЕК веќе повеќе години работи на овој случај.
ЕК за сега одбива да потврди дека ќе најави ваква казна, но повеќе извори ги брифираат ноинарите однапред, иако не се знае колкава би можела да биде казната. Казната се дискутира до последен момент и може да достигне десет отсто од вкупниот обрт на компанијата.
Казната се пресметува врз основа на толку колку долго се прекршувале правилата, како и врз основа на тоа дали е утврдена намера од страна на компанијата.
Како во случајот со Гугл Шопинг, се очекува компанијата да поднесе жалба за оваа одлука, процедура која трае повеќе години.
Она што загрижува е што оваа санкција доаѓа во политички деликатен момент за односите ЕУ-САД, чии односи се веќе заострени поради трговските прашања.