Европската Комисија денеска најави дека ќе одвои дополнителни пет милиони евра за проекти за двајцата добитници на Нобеловата награда за мир, Надиа Мурад и Денис Муквеге.
Мурад и Муквеге годинава беа наградени за нивната борба за користење на сексуалното насилство против жените.
Еден милион евра ќе и бидат доделени на Надиа Мурад за проектот “Синџар Фонд за Акција“. Синџар е регион во Ирак. ЕУ придонесува за реконструкција и стабилизирање во деловите ослободени од Исламската Држава со посебен фокус на најранливите групи.
Гинекологот Денис Муквеге ќе добие четири милиони евра за да продолжи да им помага на жените жртви на сексуално насилство во болницата Панзи во Демократската Република Конго.
Тие денеска се сретнаа со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини за да го одбележат денот против насилството врз жените.
-Како Европска Унија се восхитуваме на огромната и неуморна работа на Надиа Мурад и Др Денис Муквеге, кои често ги ризикуваат своите животи. Имаме обврска да ја поддржиме нивната работа и луѓето што ги застапуваат, изјави Могерини.