Лидерите на ЕУ вечерва во Брисел ќе се состанат на вонреден самит, со цел да го продолжат со процесот за именување на функционери на високи позиции во институциите на Унијата.
Тоа ќе биде трет самит од крајот на европските избори на кој ќе се направи обид за консензус во врска со тоа кој ќе ја претставува ЕУ во следните пет години.
ЕУ треба да именува кандидати за функцијата претседател на Европскиот совет, Европската комисија, шеф на дипломатијата и претседател на Европската централна банка.
На претходниот самит одржан на 20 јуни, немаше мнозинство за ниту еден кандидат.
Во меѓувреме, продолжуваат консултациите на лидерите на ЕУ и претставниците на водечките групи во Европскиот парламент.
Станува збор за сложени преговори, кои треба да ги усогласат различните позиции на земјите-членки, Европскиот совет, Европската парламентарна, но исто така и да направат баланс меѓу главните политички групи во ЕУ, да го запазат начелото за родова еднаквост, при што се очекува дека барем две од водечките пет позиции во ЕУ ќе ги заземат жени, и тука е географска рамнотежа меѓу западните и источните земји, како и малите и големи земји членки на ЕУ.