Тајландската полиција заплени дрога во вредност од 29 милиони американски долари и уапси 11 лица во редица акции од минатата недела, соопштено е денеска.
Во осум одвоени случаи ширум Тајланд се запленети 1,7 милиони таблети, метамфетамини, над 700 килограми кристал метамфетамини и близу 1,4 тони марихуана, соопшти полицијата.
Меѓу 11-те уапсени се двајца Малезијци, а еден е од Танзанија. Останатите осомничени се Тајланѓани.
Трговците со дрога на Тајланд можат да добијат смртна казна, но кривичниот закон на оваа земја предвидува поблаги казни доколку осомничениот ја признае вината.
Оваа држава во 2009 година погуби едно лице за случај поврзан со дрога.
Метамфетамините се популарна дрога на Тајланд и ширум југоисточна Азија.