Во Украина во летен камп, основан од една од радикалните националистички групи, деца, од кои некои имаат осум години, учат да користат автоматска пушка и како да убиваат Руси и нивни поддржувачи.
Кампот, според западни медиуми кои го посетиле, е „сокриен во шума“ во западниот дел на Украина. Тој има две цели- децата да се обучат да ја одбранат татковината и да шират националистичка идеологија.
Националистите, кои постојано се обвинуваат за насилство и расизам, имаа централна и доброволна улога во судирот во источна Украина, и одржуваа врски со украинската влада.
На почетокот на годината, украинското Министерство за млади и спорт издвои околу 150.000 долари за финансирање младински кампови основани од националисти.