Бомбаш самоубиец денеска се разнесе на собир на талибанци и авганистански безбедносни претставници во градот Џалабад во покраината Нангархар, на кој се прославувал крајот на Рамазан и тридневниот прекин на огнот.
Според некои медиуми, во експлозијата загинале 11 лица, додека според други, бројот на жртвите изнесува најмалку 20 лица. Повредени се најмалку 12 луѓе.
Шефот на полицијата во Нангархар Гулам Санаји Станикзај изјави дека експлозијата се случила во областа Родат и оти повеќето од загинатите и повредените се талибанци.
До сега никој нема преземено одговорност за нападот, но се истакнува дека во тоа подрачје е силно дејствувањето на сили поврзани со Исламска држава.