Најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици се повредени, во неколку експлозии во близина на училиште во главниот град на Авганистан, Кабул.
– Станува збор е заедничко средно училиште за девојчиња и момчиња кои учат во три смени, од кои втората е за учениците кои претрпеа најмногу во нападот – изјави портпаролот на Министерството за образование.
Снимките прикажани на локалната телевизија „Толо њуз“ покажаа книги и училишни торби расфрлани на патот со траги од крв, а жителите брзаа да им помогнат на жртвите.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тарик Аријан претходно изјави дека бројот на загинати е 25, но тој не ги прецизираше причините за експлозиите, а портпаролот на Министерството за здравство рече дека досега 46 лица се префрлени во болници.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот, а портпаролот на талибанците Забиулах Муџахид го негираше учеството на бунтовничката група и го осуди инцидентот.