Во Санкт Петербург се одржа главната парада на воени бродови во чест на Денот на Воената морнарица на Русија. Претседателот Владимир Путин изјавил дека Русија планира да изгради единствена флота.
– Хероизмот на морнарите, талентот на морнаиричкиот командант и бродоградителот, смелоста на научниците и храброста на пионирите донесоа голема слава на руската морнарица. Нема да го одржиме само тоа високо ниво, туку ќе продолжиме да одиме уште понатаму. Ќе изградиме флота единствена по своите можности, конструирана да трае долго, флота на силна и суверена држава – порача Путин на парадата.
Во манифестацијата беа ангажирани околу 4.000 војници, 43 бродови и 41 хеликоптер и авион, кои ја претставуваа Северната, Балтичката, Црноморската, Тихоокеанската и Касписката флота.
За првпат на парадата учествуваат и бродови на други држави, како што се фрегата на Воена морнарицана Индија „таркеш“ и разорувачот „сианг“ на Воената морнарица на Кина.
Одбележувањето ќе заврши со свечен огномет над Нева.