Маршот против самитот на Г7 помина мирно, откако илјадници активисти кои што дојдоа од југозападна Франција, под силно обезбедување, преминаа во Шпанија.
Регионалната полиција соопшти дека немало апсења или инциденти за време на саботниот марш од Франција до Шпанија.
Проценките на полицијата се дека околу 9.000 луѓе учествувале на маршот.
Демонстрантите пристигнале од различни земји да бараат порешителни активности во борбата против климатските промени, да се постигне договор за слободна трговија, а протестираат и против зголемените нееднаквости во светот.
Некои од демонстрантите носеле маски кои ги претаавувале лидерите на земјите од Г7, кои денес одржуваат самит во Бијариц.