Американскиот амбасадор во Багдад, како и персоналот на амбасадата, беа евакуирани денес од зградата, поради протестите што се одржуваат пред зградата, соопштија официјални претставници на Министерството за надворешни работи.
Илјадници Ирачани и припадници на војската се собраа денес пред главниот влез на американската амбасада во Багдад во знак на протест поради американските воздушни напади во кои загинаа 25 шиитски борци во Ирак.
Некои учесници фрлаа камења кон портата, додека други извикуваа „Не Америка“ и „Не Трамп“ и носејќи знамиња на Хезболах, соопшти „Ројтерс“. Ирачките специјални сили биле распоредени околу влезот за да го спречат влегувањето во амбасадата.
Меѓу учесниците се и водачи на одредени воени групи.
АП известува дека некои учесници фрлале пластични шишиња во зградата на амбасадата и ги кршеле видеокамерите во амбасадата.