Деветгодишно дете е обвинето за убиство со предумисла на три деца и две возрасни лица во забавен парк во Илиноис, САД. Полот на детето не е откриен.
Детето дополнително било обвинето за подметнување пожар, пишува „Гардијан“.
Во пожарот загинале едногодишно дете, две двегодишни деца, 34-годишен маж и 69-годишна жена.
Настанот се случил во забавен парк во Гудфилд, на околу 390 километри од Чикаго.
Обвинителот на округот Вудфорд, Грег Мингер, одбил да открие детали за детето кое е обвинето, ниту за можната врска со жртвите.
Толку мало дете не е обвинето за повеќекратно убиство од 2006 година, пренесува „Гардијан“.
Она што е проблем е да се докаже намерата на детето да изврши убиство, што е неопходно некој да биде осуден за убиство со предумисла.
-Деветгодишни деца не знаат дека не постои Дедо Мраз. Тие не знаат дека луѓето што умираат не оживуваат. Не знам дали едно деветгодишно дете може да има намера да изврши убиство – рече поранешниот обвинител од Чикаго, Гас Костополус.