Две лица загинаа во експлозија, најверојатно предизвикана од протекување на гас, во зграда во францускиот град Анеси.
Се уште се извршува идентификација на телата кои се пронајдени во станот, но најверојатно станува збор за постар брачен пар.
Пет станари од зградата, како и еден пожарникар се повредени и хоспитализирани.