Две деца загинаа, а десетина се повредени кога автомобил денеска влетал во група на деца од градинка во градот Оку, на западот од Јапонија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила кога автомобилот удрил во патничко возило на крстосница, а потоа се свртел кон тротоарот каде што децата на возраст од две до три години, придружувани од воспитувачи, чекале на семафорот, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“.
Од полицијата соопштиле дека момче и девојче на возраст од две години починале во болница, поради здобиените повреди. Уште две деца се во критична состојба.
Двајцата возачи кои учествувале во несреќата, две жени на возраст од 62 и 52 години, се уапсени по несреќата.