Зимска бура донесе ретко видени снежни врнежи во Лас Вегас и во Лос Анџелес.
На аеродромот во Лас Вегас е забележана покривка од два сантиметри снег. Тоа е прв случај од 2008 година, снегот да се задржи во градот.
Откажани се 100 полети, бидејќи аеродромот во градот на коцката нема механизација за чистење на снег.
Проблеми со транспортот има и во Лос Анџелес. Снегот ја покри пустината околу градот и ги направи лизгави патишта, кои се познати по големите сообраќајни метежи. Ова доведе до уште побавен проток на сообраќајот.
Неколку планински премини северно од Лос Анџелес беа затворени.