Во Венецуела нема да има граѓанска војна, изјави лидерот на опозицијата и привремен претседател Хуан Гуаидо.
-Тоа е многу чувствително прашање, кое се однесува на војниците и цивилите. Сегашниот режим нема политичка иднина, бидејќи не штити никого и не гарантира ништо, па 90 отсто од Венецуелците сакаат итни промени во земјата, тоа е она што го сакаат од Владата. Само елитата не сака промени, тие би сакале Николас Мадуро да остане на власт под кое било сценарио. Сакаме да му помогнеме на венецуелскиот народ, да го подобри животниот стандард и да ги заштити своите права – рече Гуаидо.
Гуаидо даде нејасен одговор на прашањето дали планира да свика нови претседателски избори на 23 февруари, велејќи дека согласно Уставот на земјата, привремениот претседател треба да распише избори во рок од 30 дена.
-Моите овластувања се сосема јасни: тоа е да се обезбедат вистински слободни избори, а за да го постигнеме тоа, потребен ни е преоден период во кој ќе ги исполниме сите формалности за да оствариме вистински слободни избори. Ќе имаме еден кандидат од опозицијата и мојата улога е да направам изборите да се одржат – објасни Гуаидо.