Шведската активистка за климатски промени, Грета Тунберг се врати на училиште по едногодишна пауза. Таа на Фејсбук објави дека завршила со едногодишната пауза и дека е убаво чувството повторно да се биде на училиште.
Во јуни 2019 година, Тунберг објави дека ќе прекине со школувањето за да може во наредните две години да се посвети на проблемите со климатските промени.
Таа минатата недела во Берлин се состанала со германската канцеларка Ангела Меркел, од која побарала да ја преземе водечката улога во глобалната борба против климатските промени.
– Таа има голема одговорност, но и голема шанса да ја преземе улогата на водечка личност во борбата против климатските промени – изјави Тунберг по средбата со германската канцеларка.
Грета во петокот учествуваше на собирот посветен на борбата за зачувување на животната средина во Берлин.