За разлика од другите земји, кои го вовеле еврото, Германците немаат рок до кога мораат да ја променат старата валута
Осумнаесет години по воведувањето на еврото, германските граѓани сè уште ja чуваат старата германска валута, марките, во вредност од 12,46 милијарди марки или 6,37 милијарди евра, објави Централната банка на Германија.
– Од 12,46 милијарди марки, кои сè уште не ги разменилe граѓаните во евра, 5,83 милијарди се во банкноти, додека, пак, 6,63 милијарди во монети – објави германската централна банка Дојче Бундесбанк.
Притоа од парите што се во оптек, најмногу има од банкнотите со повисока вредност, поточно претежно во апоени од 100, 500 и 1.000 германски марки.
Граѓаните сѐ уште разменуваат германски марки во вредност од 35 до 45 милиони евра годишно.
За разлика од другите земји, кои го воведоа еврото, во Германија нема временски рок до кога најдоцна би требало да се конвертира старата валута во евро.
Девизниот курс сѐ уште е непроменет и едно евро вреди 1,95 германска марка.