Повеќе од 700 полицајци извршија престрес на 30 домови и компании низ цела Германија, како дел од акцијата против трговија со луѓе од Виетнам, соопштија официјалните лица.
Претресите беа фокусирани на 13 осомничени лица, сите 13 Виетнамци, за кои се тврди дека нелегално прошверцувале најмалку 155 нивни сограѓани во Германија, објави АП.
Инспекторите велат дека шверцерите им наплаќале на луѓето помеѓу 5.000 и 20.000 американски долари за да ги прошверцуваат во Германија и дека многумина од нив морале да работат во салони, ресторани или продавници за да ги исплатат своите долгови.