Германија не исклучува долгорочно присуство на нејзините вооружени сили во регионот на Блискиот Исток, изјави германската канцеларка Урсула фон дер Лејен за време на посетата на воздухопловната база „Азрак“ во Јордан.
Фон дер Лејен престојуваше во „Азрак“ каде се стационирани 300 припадници на германската Армија, кои се ангажирани како логистички персонал на борбените авиони „Торнадо“, што учествуваат во извидувачки мисии во рамки на операциите на Меѓународната коалиција за борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак.
Германската министерка при тоа не ја исклучи ниту можноста за отворање на, како што рече, германска „стратешка база“ на Блискиот Исток.
– Прво мораме да го доведеме до крај сегашниот ангажман. но не сакам да ја исклучам идејата за стратшка база, ако така можам да кажам, исталка Фон дер Лејен.